
Барселона сериозно бара крилен напаѓач, по можност на лево крило, но без исклучоци, бидејќи Ханси Флик верува многу во флексибилноста на играчите и би дочекал разноврсни играчи кои можат да се прилагодат на двете страни од нападот. Шпанските медиуми пренесуваат 4 имиња кои се разгледуваат од каталонскиот одбор. Деко има на маса некои од најбараните играчи на европскиот пазар во моментов.
Списокот започнува со Англичанецот Маркус Рашфорд, за кого Барселона се обиде да потпише во јануарскиот преоден рок. Тој има ослободителна клаузула од 40 милиони евра по неговата 6-месечна позајмица во Астон Вила.
Вториот е Нико Вилијамс, играч на Атлетик Билбао и пријател на Ламине Јамал. Тој беше баран и минатото лето, но Баскијците не дозволија негова продажба.
Трет по ред е ѕвездата на Манчестер Сити, Џереми Доку, а зад него е талентот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс.