
Сега Пирло реши јавно да зборува за ситуацијата, откри дека тој практично бил избркан од Милан. Самиот бил подготвен да прифати било каков договор за да остане и до крајот на кариерата.
Со настапите за Јувентус, Пирло ја затвори големата италијанска тројка откако претходно играше за Интер и Милан.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„Ме нервира фактот дека се уште голем број навивачи мислат дека јас сакав да заминам од Милан. Тоа не е вистина, таму бев среќен и сакав да останам до крајот на кариерата, ама немаше услови за такво нешто. Адриано Галиани и Макс Алегри беа луѓето кои ме избркаа од клубот. Јас бев подготвен да прифатам било какви услови за да останам, ама воопшто не ми беше понуден нов договор. Кога се збогував со соиграчите тоа ми беа најболните моменти од животот“, изјави Пирло.