Премиерот ги повикува сите граѓани без разлика на етничката припадност, сите коишто сакаат да бидат вклучени во безбедносниот систем.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека се планирани нови 300 вработувања на професионални војници во АРМ.
И тука нема проценти, секој оној којшто ќе ги исполни условите, ќе биде примен. Сите буквално, сите оние коишто сакаат да учествуваат во одбраната на нивната татковина“, вели Мицкоски.
Планирано е објавување на оглас за прием на 300 професионални војници и ја користам еве оваа прилика, да ги повикам сите оние млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата, да се вклучат и се добредојдени, рече Мицксоки.