
Повлечени се осуммина амбасадори назначени од поранешниот претседател Стево Пендаровски.
Се повлекоа амбасадорите Мето Белески-Брисел, Катерина Ставревска-Лондон, Зеќир Рамчиловиќ-Подгорица, Пајо Авировиќ-ОБСЕ, Емил Крстевски-Прага, Јакуп Реџепи-Сараево, Агнеза Руси-Софија, Џенк Сејфула-Стокхолм.
Како причина за нивното враќање се наведува непочитување на член 39 од Законот за надворешни работи бидејќи тие не ги презентирале своите дипломатски тези пред собраниската Комисија за надворешна политика пред да бидат именувани за амбасадори во Македонија.