Полицијата извршила увид.
Маж од Тетово и малолетно девојче се повредените во несреќата која се случи синоќа, кога автомобил излета во водите на Вардар во тетовско.
-Притоа со телесни повреди се здобиле возачот и една малолетна сопатничка, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.
МВР информираат дека во 19:40 часот било пријавено дека на локалниот пат за село Челопек, кај мостот на река Вардар, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 39-годишниот Т.М. од Тетово, излетало во реката.