Според евиденцијата во ТППЕ – Кочани, од почетокот на оваа година, сѐ до последниот трагичен пожар, пожарникарите имале вкупно 58 интервенции, од шумски, полски и пожари на објекти до укажување помош во повеќе сообраќајни несреќи, во кои имало и две жртви.И покрај недоволниот број пожарникари и дотраената опрема, ТППЕ – Кочани, заедно со колегите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани и од Територијалните противпожарни единици од Виница, Штип, Пробиштип и Свети Николе интервенираа според можностите и спречија во катастрофата да има и други жртви и повредени.
– Со потпишување договор и утврдени цени за услугите меѓу општина Кочани и соседните две општини, тие треба финансиски да учествуваат за извршените услуги. Тој договор ниту еднаш до сега не е испочитуван и покрај укажувањата од наша страна. Практично, работиме со 45 отсто од предвидениот законски Правилник за пожарникарство, односно еден човек работи за две работни места, а просечната старост на пожарникарите е 48 години. Возниот парк е стар, набавен главно од донации, а Општина Кочани едвај може да обезбеди сервисирање, а уште помалку да обезбеди ново возило, опрема и обувки, макар и преку проекти од Источниот плански регион и слично, затоа што се смета дека потребите ни се задоволени, истакнува командирот на ТТПЕ Апостолов.
Во ТППЕ – Кочани со години нема значителна промена во кадарот, односно има вработено 16 лица, иако според бројот на населението на територијата што ја покриваат, треба да се минимум 33. Освен во општина Кочани, тие имаат обврска да интервенираат и во соседните општини Зрновци и Чешиново-Облешево. Блок-дотацијата што на годишно ниво ја добиваат од Министерството за внатрешни работи изнесува нешто помалку од 10,5 милиони денари, од кои треба да се покријат бруто платите и другите обврски. Дополнително учествува и Општината со свои буџетски средства.
– Противпожарниот апарат што се гледа на една од снимките со кој се гаси почетниот пожар е несоодветен, наменет е за гасење оган кај електрични уреди под напон, а не од таков вид каков што беше во „Пулс“. Ако тој апарат беше со прав, во најмала рака ќе го забавеше ширењето на пожарот и ќе дадеше многу повеќе време за евакуација на младите. Од друга страна, присутните во дискотеката во првиот момент не ја сфаќаат сериозно опасноста и наместо да се упатуваат кон излезот, тие снимаат со мобилните телефони. Заедничко во двата момента е незнаењето и недоволната едукација, нешто што во иднина треба да се сфати многу сериозно и да се работи на тоа, секој од нас да има елементарно познавање за противпожарна заштита, истакнува Илијев.
Интервенцијата на кочанските пожарникари во гаснењето на пожарот и спасувањето на младите лица во дискотеката „Пулс“, беше пожртвувана и храбра. Десетина дена по трагедијата и кај нив сѐ уште е присутен шокот од последиците што ги предизвика огнената стихија, иако во досегашното работење се соочувале со голем број слични предизвици.
Личните трагедии по пожарот во Кочани се големи. И пожарникарите се соочија со загинати или повредени блиски во семејствата, а тажен е примерот на брачниот пар Антови, кој е дел од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, а во пожарот ја изгуби единствената ќерка.
Поддршка и признание за нивната пожртвуваност добија и од претседателката Гордана Силјановска Давкова, која ја посети ТППЕ – Кочани и упати благодарност за дејствувањето во трагичниот настан.
Тројца пожарникари се здобија со изгореници и проблеми со дишните патишта, при што двајца се со полесни повреди, а поради вдишување отровен чад и телесни повреди командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов заврши на Клиниката за токсикологија во Скопје. Според последните информации, тој закрепнува и се чувствува добро, па се очекува идната недела да биде пуштен на домашно лекување.
Претседателот на Доброволното противпожарно друштво – Кочани, Златко Илијев оценува дека недостигот од основно познавање на населението за однесување при пожар е една од клучните причини за трагични последици.