Во ДПИ- Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј.. Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација.
Според неофицијални информации, една од двете жени се сомничи дека ја земала фалсификуваната лиценца од Министерството за економија. Ниту МВР ниту Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација.
На 25.03.2025 од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани.
Инаку, сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката Пулс се во полициска станица во Скопје, дознава Прес24 од полициски извори. Според нашите информации, тие биле повикани во полиција во текот на вчерашниот ден при што им биле одземени 5 мобилни телефони.
МВР денеска се огласија за вчерашниот претрес во домот, возилото и угостителскиот објект на газдата на Пулс, дискотеката која изгоре во Кочани и однесе 59 животи.