
Големата модринка на десната рака на претседателот Трамп ги загрижи неговите поддржувачи. Десната рака на Трамп се појави со модринки за време на состанокот на 78-годишникот со францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот, што поттикна шпекулации на социјалните мрежи за неговото здравје.
Ова црвенило или модринки било забележано уште два пати, во август и ноември минатата година. Прес секретарот на Белата куќа, Керолин Левит, рече дека модрината била предизвикана од бројни состаноци и ракувања.
„Претседателот Трамп е човек од народот и посегнува до многу Американци. Трамп се ракува повеќе дневно од кој било друг претседател во историјата. Неговата посветеност е непоколеблива и тој тоа го докажува секој ден“, рече Левит. Ако е така, да се биде претседател на Америка е навистина тешко.