Утрово се врши увид пред дискотеката Пулс. Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба.Инаку, во тек се рочишта за определување притвори.
Засега не е познат неговиот идентитет ниту повеќе детали.
Возач на брза помош кој цела ноќ ги превезувал повредените во страотниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, починал утринава. Српски Информер од свои извори дознава дека несреќниот маж починал откако цела вечер помагал да се спасат животи.
Досега животот го загубија 59 лица а над 150 се повредени.