
На последните три натпревари Жоао Феликс беше резервист и влегуваше од клупата, па тоа веднаш привлече прашања. Играчот кој веднаш по доаѓањето беше стандарден, одеднаш падна во втор план. Така стана јасно дека Милан нема намера да го откупи Португалецот налето и наводно веќе го известил Челси дека Феликс се враќа во Лондон по крајот на сезоната.
Жоао Феликс оваа зима дојде на „сува“ позајмица од Челси во Милан, а причината за такво нешто беше фактот дека немаше доволно време за да се преговара за целосен трансфер.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Поради тоа Консеисао веднаш го фалеше играчот, а и италијанската јавност пренесуваше дека „росонерите“ веќе размислуваат за откуп на неговиот договор. Сепак, тогаш дојде кризниот период на Милан и трите порази во низа, а во нив и Феликс го загуби првотимскиот статус.