
Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски не помина според планираното. Трамп и Зеленски се судрија и отворено се спротивставија еден на друг. Напнатата ситуација во Овалната соба доведе до откажување на прес-конференцијата и заминување на украинскиот претседател. Доналд Трамп тврдеше дека Зеленски „ може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“. На денешната средба беше планирано потпишување на договорот за ретки минерали, но ниту тоа не се оствари.