Правила на користење

Правилата и условите за користење на овој портал ќе го регулираат вашето користење на порталот Насловна, достапен на https://naslovna.net/. Со посетата на овој портал, вие сте согласни со условите на користење во целост. Доколку не сте согласни со истите, ве молиме да не го користите порталот.

Интелектуална сопственост: Страницата, како и целата оригинална содржина е во сопствеништво на Насловна и како такви, се целосно заштитени по законите и регулативите за интелектуална сопственост. Користење, позајмување, менување, продавање или дистрибуција на содржината објавена на Насловна, без разлика дали е оригинална содржина или содржина објавена во соработка со друга страна, партнери или извори, без одобрение од Насловна или сопствениците на содржините, е строго забрането.

Линкови: Нашиот портал содржи број на линкови од други портали и онлајн извори, кои не се во сопствеништво или под контрола на Насловна. Насловна не зема одговорност за содржината и дејствијата на било кој од овие страници/извори/линкови. Затоа, ве советуваме детално да ги прочитате правилата и условите на секој портал кој ќе го посетите преку линк кој е објавен на нашиот портал.

Рестрикции: Содржината која се објавува на овој портал, не треба да ја интерпретирате како советување од страна на Насловна.

За огласувачите: Овие правила се однесуваат на сите содржини кои се испратени до Насловна од страна на Огласувачите како и на односите помеѓу двете страни, во понатамошниот текст, Насловна и Огласувачот.

Насловна нема обврска да објави било каков вид реклама доколку истата не соодветствува со правилата за објавување на содржина од било кој вид на Naslovna.net. Пред објавување на било каков вид реклама, истата мора да биде одобрена од одговорните лица на Насловна. Со поднесување на барање или понуда кон Насловна, Огласувачот е согласен со правилата за користење и огласување на Насловна. Рекламата која се поднесува од страна на Огласувачот мора да соодветствува со техничките спецификации кои ги налага Насловна во конкретниот период (кај кои може да дојде до промена од време на време). Точноста на рекламата од секој аспект е одговорност на Огласувачот. Насловна не презема никаква одговорност за грешки од било кој вид поврзани со рекламата. Огласувачот има обврска да достави материјали кои се вистинити во потполност и не прекршуваат права од било кој вид, кои се заштитени со закон. Насловна користи „Revive Ad Server“ за прикажување на банерите на сајтот. Овој сервер и овозможува на Насловна да објавува реклами, да ги менаџира кампањите и да го следи перформансот на истите. Насловна е должна 30 дена по завршеток на кампањата да ги чува статистиките за рекламите. Доколку Огласувачот во периодот од 30 дена не побара статистика, Насловна не е должна да му ја испрати истата. По истекот на тој период, Насловна не ги архивира ниту ги зачувува податоците од статистиката. На Огласувачот кој праќа код, наместо банер во форма на слика или html фајл, Насловна може му обезбеди статистика само за импресии, но не и за кликови. Насловна е должна на огласувачот да му изработи и испрати фактура за наплата на услугата. За губење или задоцнета достава на фактурата, Насловна не презима одговорност бидејќи истата се врши од страна на доставувачи од фирма која се бави со таа дејност. Огласувачот има должност да ја плати фактурата во предвидениот рок кој е напишан на истата. Во спротивно, Насловна има целосно право да постапи по Закон за да дојде до наплата на фактурата.

Промени на овие правила и услови: Насловна го задржува правото да ги модифицира и менува правилата и условите на користење во било кое време. Вашата одлука да продолжите со користење на порталот и по настанатите промени, е ваша согласност и прифаќање на новите правила и услови за користење на Насловна. Затоа, ве советуваме да ги проверувате условите во овој договор за да бидете во тек доколку има промена на истите. Доколку не се согласувате со правилата и условите, ве молиме да не го користите порталот Насловна. Овие услови се заштитени и интерпретирани според законите во Република Северна Македонија.