Со новите измени:Се забранува користење на експлозивни материи и пиротехнички средства во затворени простории.
Полицијата добива зголемени надлежности за превенција и постапување во случај на нарушување на јавниот ред и мир.
Во Собранието денеска со 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани, пратениците го поддржаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Законот беше предложен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и усвоен по скратена постапка. Со ова, се забранува пиротехника во затворен простор, а доколку има следуваат драконски казни.
Се зголемуваат глобите за прекршителите, а за повторен прекршок се предвидува притвор.
Паралелно, Министерството за внатрешни работи работи на нов Закон за експлозивни материи за цивилна употреба, со кој детално ќе се регулира оваа област.
Измените се резултат на трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во која загинаа 59 млади лица, а околу 200 беа повредени. Пратеникот Тони Јаревски изјави дека измените се неопходни за да се спречат слични несреќи во иднина.