
Претседателот на Емиратите го повика Трамп да обезбеди помош за жителите на Газа, како и да поддржи решение за две држави.
На почетокот на февруари, Трамп го претстави планот за Газа кој вклучува раселување на Палестинците и создавање на „блискоисточна ривиера“ која беше осудена од глобалните лидери.
Арапските држави, вклучително и ОАЕ, го поддржаа алтернативниот план на Египет за обнова на Газа кој ќе чини 53 милијарди долари и нема да вклучува раселување на Палестинците, но не е познато дали Трамп и Ал Нахјан разговарале за ова.
Анвар Гаргаш, дипломатски советник на претседателот на ОАЕ, на крајот на февруари рече дека планот за обнова на Газа не може да се случи без јасен пат до решение со две држави за Израел и Палестинците.
Обединетите Арапски Емирати се меѓу ретките арапски држави кои ги нормализираа врските со Израел во договорите од 2020 година, со посредство на Трамп.
Израел неодамна ја продолжи офанзивата во Газа, при што загинаа повеќе од 700 Палестинци, додека палестинските власти објавија дека вкупниот број на палестински жртви од октомври 2023 година надмина 50.000.