
Принцот од Велс беше во Париз заедно со неговиот син принцот Џорџ за да ја гледаат Астон Вила против ПСЖ во средата навечер.Ги шокираше париските трибини, но го фрли и принцот Вилијам во еуфорија! Тој е страстен навивач на Астон Вила, а се чини дека го заразил и својот син Џорџ кој има 11 години.Принцот Вилијам рече дека е „прилично преплашен“ и „нервозен“, но предвиде победа од 2-1 кога разговараше со експертите на „ТНТ Спортс“, Рио Фердинанд и Али МекКоист на теренот пред натпреварот.
Принцот беше снимен како ги поздравува и прегрнува играчите на англискиот клуб додека излегувале од соблекувалната.Во втората четвртфинална вечер од Лигата на шампионите, фудбалерите на ПСЖ ја пречекаа Астон Вила на својот Парк на принцовите и по пресврт славеа со резултат 3:1.Во 35. минута од натпреварот Англичаните ја украдоа топката во центарот, следеше брза контра, комбинираа Рашфорд и Тилеманс, а Морган Роџерс наиде на топката на другата статива и погоди за водство.