
Франција и Хрватска ќе одиграат четвртфинален двомеч на 20 и 23 март.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Репрезентацијата на Франција во претстојните четвртфинални натпревари од Лигата на нациите против Хрватска ќе мора без една од ѕвездите.
Поради повреда од комбинација отпадна Маркус Турам, кој е еден од напаѓачите кои играат во најдобра форма сезонава. Ѕвездата на Интер неколку натпревари сезонава играше под инекции за болка, а досега има постигнато 17 погодоци и е еден од носителите на играта на италијанскиот првак.