
Подморските кабли се опишани како „рбетот на интернетот“ од Global Digital Inclusion Partnership, група која има за цел светското население да има пристап до интернет до 2030 година.
Групата известува дека околу 95% од интернет сообраќајот минува низ овие кабли, но пристапот до него е нецелосен, што ги погодува најмаргинализираните групи во општеството. Мета досега има изградено 20 подводни кабли, додека Илон Маск користи сателити за да ја зголеми интернет конекцијата. Сепак, Starlink има друга цел бидејќи поврзува оддалечени области каде што е тешко да се стигне до кабел со интернет. Новиот проект на Мета се очекува да чини милијарди долари и ќе бидат потребни години за да се заврши. компанијата го опиша како „најамбициозниот подводен потфат до сега“.