Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат 2 јавни обвинители од ОЈО Кочани и 2 јавни обвинители од ОЈО Штип, 5 јавни обвинители од ОЈО Скопје.
Увидот на лице место денеска продолжува.
Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација.