
Разорен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Нов Зеланд – што ги зголеми стравувањата од цунами за кое експертите предупредуваат дека може да биде исклучително опасно.
Земјотресот се случил околу 14 часот и 42 минути. на длабочина од околу 12 километри, 160 километри северозападно од островите Снарес, каде илјадници жители останаа преплашени од можноста од цунами.
Екипите за итни случаи ги предупредија жителите на регионот погоден од земјотресот да ги избегнуваат плажите поради страв од цунами.
„Жителите на Саутленд и Фиордленд треба да се држат настрана од плажите, бидејќи постои ризик од можно цунами“, се вели меѓу другото.
Засега не е издадена наредба за евакуација, но такво нешто е оставено во рацете на жителите од кои е побарано сами да ја проценат состојбата на терен.