
РФМ упатува голема благодарност за приемот и подршката која ја добива до Амбасадата на Соединетите Американски Држави, објави Ракометната Федерација на Македонија на својата официјална фејсбук-страница.
„Денес на покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција г-ѓа Ангела Агелер, беше одржан прием за машкиот сениорски национален ракометен тим.
Американската амбасадорка Ангела Агелер денес организираше прием на ракометарите од Македонската репрезентација и претседателот на Ракометната Федерација на Македонија Живко Мукаетов. За време на приемот Претседателот на РФМ Живко Мукаетов и Селекторот Кирил Лазаров на амбасадорката и подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското Првенство 2025, заблагодарувајќи се за поддршката што ја добиваат од Амбасадата.
Во рамки на посетата Претседателот на РФМ г-дин Живко Мукаетов и Селекторот г-дин Кирил Лазаров и подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското Првенство 2025 .