
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Во вторник почнуваат четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите, тој ден Арсенал ќе го пречека Реал Мадрид во првата пресметка.
„Реал Мадрид ја имаа таа емоција. Има работи кои можете да ги предвидите, но исто така има и работи кои не можат да бидат предвидени во нивното креирање на шанси. Не можете да тренирате за тоа, не можете да го планирате тоа, се обидувате да го сопрете тоа, но е дел од тоа што ги прави она што се и што ги прави толку големи“, рече тренерот на Арсенал, Микел Артета.
Иако имаат и домашни обврски, погледите на двата табора веќе се кон тој меч.