
Борнмут направи полн погодок кога минатото лето го купи Дин Хујсен од Јувентус во зделка вредна 15 милиони евра плус бонуси.
Перспективниот Дин Хујсен е во бележникот на голем број клубови, Реал Мадрид ќе води битка со Ливерпул, Арсенал, Челси, Тотнем и Њукасл за потписот на 19 годишниот дефанзивец.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Новинарот Дејвид Орнштајн вели дека Ливерпул се распрашувал за Дин Хујсен, исто како и Челси и Арсенал. Овие три клуба се посочи како главни кандидати, но во позадина уште се и Њукасл и Тотнем.
Се шпекулира дека во неговиот договор има откупна клаузула од 60 милиони евра, и ова е сумата која ќе биде потребна за реализирање на трансфер.
Реал Мадрид се посочува како еден од клубовите кои пројавуваат интерес, а „кралевите“ ќе имаат силна конкуренција во Англија.