
Како што пренесува Дејли Старт, сакути на „кралевите“ се присутни на речиси секој натпревар на Манчестер јунајтед и имаат само една цел – внимателно го следат Бруно Фернандеш.
„Ѓаволите“ летоска можат да останат без својот капитен, Реал Мадрид му удрил мерак на Бруно Фернандеш.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Реал Мадрид во Бруно Фернандеш гледа замена за Лука Модриќ, кој со своите 39 години е на залезот од кариерата.
Дејли Стар исто така додава дека клубот од Олд Трафорд веќе има листа со 5 потенцијални замени за Бруно Фернандеш, на списокот со желби се имиња како Микел Дамсгард (Брентфорд), Еберичи Езе (Кристал Палас), Морган Гибс Вајт (Нотингем Форест) Оскар Глук (РБ Салцбург) и Чави Симонс (РБ Лајпциг).
Рубен Аморим не сака да остане без услугите на својот сонародник, но Манчестер јунајтед е во финансиски проблеми и нема да може да одбие голема понуда, се шпекулира со сумата од 90 милиони фунти (нешто помалу од 110 милиони евра).