Реал Мадрид би можел да направи потег за Ибрахима Конате ова лето, а Ливерпул е отворен да го продаде доколку преговорите за договорот не успеат.
Според извештајот на шпанскиот весник Defensa Central , иднината на францускиот централен бек на „Енфилд“ повеќе не е сигурна.
Ливерпул допрва треба да се договори со него за продолжување на договорот и со приближувањето на преодниот рок, можна е продажба за 60 милиони евра.
Актуелниот договор на Конате истекува во 2026 година, но има сомнежи околу неговите долгорочни планови.
Конате беше клучен дел од одбраната на Ливерпул, познат по својата моќ и смиреност.
Сепак, челниците на англискиот клуб можеби ќе одлучат да го продадат сега, за да го избегнат ризикот да го загубат бесплатно во 2026 година.
Поради оваа причина, Реал Мадрид внимателно ја следи неговата ситуација, бидејќи во него гледа силен кандидат за зајакнување на одбраната следната сезона.
Потсетуваме дека шпанскиот гигант веќе извесно време го потврди интересот за Трент Александер-Арнолд, кој најверојатно на крајот од сезоната ќе биде прекомандуван на „Сантијаго Бернабеу“.