
Врската меѓу Лионел Меси и Барселона секогаш била и остана силна, а за тоа најдобро зборува примерот на Леандро Паредес.
Меси мина 23 години во Барселона и со неа ги имаше најголемите успеси. За овој клуб Аргентинецот постигна 672 погодоци.
„Не разговаравме околу три месеци, се чувствував доста лошо. Му испратив порака следниот ден, потоа пак и 15 дена подоцна. Му кажав дека ништо не беше упатено кон него, не сакав да го навредам. Сепак, не ми одговори ниту тогаш, ниту во наредните три месеци. Потоа се сретнавме во репрезентацијата. Допатувавме ист ден, јас дојдов нешто порано и тој дојде до мојата соба. Влезе додека ги миев забите, па ме испрска со вода и се пошегувавме“, се присети Паредес.
Во 2021 година кога ПСЖ требаше да игра со Барса во Лигата на шампионите, аргентинскиот играч за врска беше член на парижани и зборуваше лошо за каталонскиот гигант. Сега открива дека поради тоа Меси не разговарал со него неколку месеци.