
„Инфекцијата ми го јадеше месото, беше толку лошо што почнаа да ми се прават дупки на ногата. 12 дена поминав на ургентен центар во болница во Австрија. Навистина бев исплашен, малку фалеше да ми ја ампутираат ногата. За среќа се се заврши добро, но морав да ставам крај на кариерата“.
По 12 години поминати во Баерн Минхен, Франк Рибери на залезот од својата кариера се реши за авантура во Серија А, две сезони беше во Фиорентина, а потоа на големо изненадување потпиша за Салернитана, клуб кој по 23 години се врати во најсилното првенство на Италија.
Тој како капитен ја предводеше Салернитана до опстанок во сезоната 2021/22, но веќе во следната мораше да оди во пензија, повредите не му дозволија да продолжи да игра.
Легендарниот Франк Рибери раскажа како бил приморан да стави крај на кариерат во 2022 година, закачил инфекција која му направила дупки во ногата и малку фалело да му ја ампутираат ногата.
„Коленото стануваше се полошо и полошо. Не можев да тренирам помеѓу натпреварите, гледав само како да се опоравам. На почетокот одмарав два дена, па три дена, па четирии дена… го изгубив ритамот со цел да чувам енергија“ – раскажува Франк Рибери во разговор со Л’Екип.
„Тестовите потоа покажа дека повеќе немам рскавица на коленото. Направив операција, која помина во најдобар ред. Но пет месеци подоцна ми се појави инфекција. Па морав на нова операција за да ми се извади плочката која беше поставена“.