
„Северна Македонија немала подобар пријател од САД на меѓународната сцена. Ние сме биле ангажирани во минатото и ќе бидеме во иднината на Северна Македонија, што е најважно, преку многу администрации. „Мислам дека е прекрасно да се види дека премиерот Христијан Мицкоски, за релативно краток временски период откако тој и неговата влада ја презедоа власта, воспостави толку добри и цврсти односи со САД, вклучително, се разбира, и со новата администрација во Вашингтон.
Ова го вели поранешниот помошник државен секретар на САД и поранешен американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер во интервју за Гласот на Америка, коментирајќи ја неодамнешната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Вашингтон и неговиот говор на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (КПК).
Според Рикер, двете земји имаат одлични односи, како и секогаш. „Ангажманот на премиерот, без разлика дали е овде во Вашингтон или за време на неговите посети, е клучен за двете страни на Атлантикот“, изјави американскиот дипломат.
Тој потсети дека со Мицкоски разговарал во Минхен на Конференцијата за безбедност, што било важна можност за Балканот, но и за пошироки трансатлантски прашања.
Запрашан дали новата администрација на претседателот Доналд Трамп може да помогне во унапредување на евроинтеграциите на Македонија или за нови американски инвестиции во Македонија, Рикер нагласува дека американските инвестиции се одвоени од владата.
„Се разбира, она што е важно е создавање инвестициска средина во Северна Македонија која ќе биде привлечна за американските инвеститори, додека има програми на американската влада кои можат да ги поддржат и помогнат оние напори кои беа дел од помошта за Северна Македонија и другите земји во регионот за да им помогнат да го заживеат економскиот развој. Се разбира, членството во ЕУ одамна е политички приоритет за САД. Ова се однесува на земјите од Западен Балкан. Многу паметно и брзо тргнавме кон членството во НАТО, што мислам дека беше клучно. А членството во НАТО, се разбира, е многу важен аспект од она што ја прави Северна Македонија привлечна за странски инвестиции. Безбедноста е најважна за економскиот развој и просперитетот2, вели Рикер.
Според поранешниот американски амбасадор во Скопје, добрите односи меѓу двете земји се важни бидејќи САД се голема глобална сила, најголема економија во светот и основач на НАТО.
„Трансатлантските односи се приоритет и мислам дека премиерот Мицковски и неговиот тим вршат одлична работа во зачувувањето и зајакнувањето на овие односи. „Целта за членство на Северна Македонија во Европската Унија останува приоритет“, изјави Рикер.