
„Имам толку блиски чувства за фестивалот во Кан“, рече Де Ниро во изјавата дадена од фестивалот. „Особено сега, кога има толку многу работи во светот кои не раздвојуваат, Кан нè зближува – сценаристи, филмски уметници, обожаватели на филмот и пријатели. Тоа е како враќање дома“.Следниот ден, иконскиот американски актер ќе учествува на мастерклас на сцената на театарот Дебиси.Актерот има долга врска со Канскиот филмски фестивал. Тој претседаваше со жирито во 2011 година и последен пат прошета на црвениот тепих за премиерата на филмот „Killers of the Flower Moon’“ на Мартин Скорсезе.
Во 1976 година, Де Ниро глумеше во два натпреварувачки филма, „1900“ на Бернардо Бертолучи и „Taxi Driver“ на Мартин Скорсезе, кој ја освои Златната палма.Роберт де Ниро ќе ја добие почесната Златна палма на Канскиот филмски фестивал на церемонијата на отворањето на 78-то издание на 13 мај.
Филмскиот фестивал во Кан оваа година ќе трае од 13 до 24 мај. Како што претходно беше најавено, француската актерка Жилиет Бинош ќе ја наследи Грета Гервиг како претседател на жирито на овогодинешниот фестивал. Ќе биде вторпат во историјата на Кан жирито да го предводи жена две последователни години – по 1966 година кога Софија Лорен ја презеде претседателката на жирито од Оливија де Хавиленд.
https://myteana.ru/forums/index.php?autocom=gallery&req=si&img=6603