
Имено, Роналдо не патуваше во Техеран поради можноста да се соочи со казна од 99 удирања со камшик според исламскиот законик.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Причината за ваквата казна доаѓа од претходното гостување на Роналдо во Иран. Тогаш тој се сретна со уметничка со инвалидитет, Фатема Хамани, ја прегрна и ја бакна, а тоа е строго забрането во Иран освен ако жената не ви е сопруга.
Фудбалерите на Ал Наср гостуваа кај Естеглал во рамките на азиската Лига на шампиони и одиграа меч без голови (0-0).
На оваа средбата саудискиот тим на Стефано Пиоли беше без најдобриот играч Кристијано Роналдо. Доколку Португалецот допатуваше во Иран за натпреварот против ривалот од оваа земја, можеше да се соочи со неверојатна ситуација.