Руските војници во изминатите 24 часа го ослободија градот Суџа и уште две населени места во пограничниот регион Курск, соопшти утринава руското Министерство за одбрана.„Единиците на борбената група Север ги ослободија Меловои, Подол и Суџа во офанзивни операции“, се вели во соопштението на Министерството.