
Изјавата уследи по резолуциите усвоени вчера за украинската криза усвоени во Генералното собрание на Обединетите нации и Советот за безбедност.
„Дискусиите и гласањата одржани во ОН јасно покажуваат дека светската заедница бара мир. Европејците, кои цврсто одлучија за милитаризација и го загубија правото да учествуваат во преговорите за условите за решавање на украинската криза, сите се сè поизолирани. Видливи се сериозни промени во ставовите на глобалното мнозинство, кое покажува сè поголем реализам и се обидува да придонесе за што поскоро завршување на конфликтот“, се вели во соопштението на руското МНР.
Генералното собрание на ОН вчера усвои резолуција со која се осудува руската инвазија на Украина и се бара повлекување на руските трупи. Резолуцијата, предложена од Украина и европските земји, доби поддршка од 93 земји, а 18 беа против, меѓу кои САД и Русија, додека 65 земји беа воздржани.
Во исто време, Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата на САД, која повикува на брз прекин на конфликтот во Украина, без директно да ја критикува Русија. Оваа резолуција беше усвоена со поддршка на Русија и Кина, додека Франција и Велика Британија беа воздржани.