
Резултатот го отвори најдобриот играч на тимот Осман Дембеле со гол за 1-0 во 17. минута од средбата. До полувремето на 2-0 зголеми бекот Нуно Мендеш.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Успеа Марсеј да се врати во игра со погодокот на Амин Гури на стартот на второто полувреме. Сепак, во 76. минута Пол Лирола си даде автогол и ПСЖ зачекори кон победата.
Иако овој дуел имаше назив дерби, домаќинот на „Паркот на принцовите“ рутински стигна до трите бода. Парижани играат перфектна сезона и со одлични партии чекорат кон нова титула во Франција.