
– Конечно успеав да го играм мојот најдобар тенис во финалето и неверојатно сум задоволен од резултатот и мојот настап. Одејќи во овој натпревар, си ги дадов следните упатства: што и да се случи, да останам во играта, да се фокусирам и да се борам за секој поен. Да бидам искрена, не сакав да загубам уште едно финале.
МИА
Во финалето на ВТА 1000 турнирот, светската тенисерка број еден синоќа ја победи Американката Џесика Пегула во два сета – 7:5, 6:2.
Дваесет и шестгодишната Сабаленка ја освои својата втора титула оваа сезона и 19-та во кариерата, вклучувајќи ја и осмата на ВТА 1000 ниво.
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ги сподели емоциите по освојувањето на турнирот во Мајами.