
Мохамед Салах со нетрпение го очекува натпреварот на Ливерпул со Манчестер Сити во Премиер лигата. Египќанецот спомна некои од карактеристиките што ги има Манчестер Сити во пресрет на натпреварот кој се игра денеска на „Етихад“.
Напаѓачот го истакна фактот дека Сити го има еден од најдобрите тренери во светот во Пеп Гвардиола, кој дефинира ера во фудбалот.
„Сити секогаш ќе биде Сити, силен и квалитетен. Имаат еден од најдобрите тренери во историјата и полни со одлични играчи. Тие играа на највисоко ниво долги години и освоија се“.
„Мислам дека овој натпревар ќе биде многу тежок. Тие имаат предност да играат на свој стадион, а имаат и искусни играчи, па мораме мирно да ги искористиме шансите“.