
Како што пренесува Билд, Џејдон Санчо доставил шокантно барање за трансфер, напаѓачот сака повторно да го носи дресот на Борусија Дортмунд.
Англичанецот побарал трансфер во Борусија Дортмунд, клуб каде што најдобро се снаоѓа и прикажува одлични партии.
„Сините“ имаат обврска за 25 милиони фунти во целост да го купат Англичанецот, а ако сакаат да се „извадат“ од оваа обврска, ќе треба на Манчестер јунајтед да му платат 5 милиони фунти како казна.
Џејдон Санчо изминативе денови често беше дел од трансфер шпекулациите, медиумите од „островото“ пишуваат за тоа како Челси ќе мора да плати без разлика дали Џејдон Санчо ќе остане на Стемфорд Бриџ или пак не.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>