
Од опозициската партија СДСМ велат дека „вицепремиерот Изет Меџити предупредува на силна партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски војници во администрацијата, додека премиерот Христијан Мицкоски молчи“.
„Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања, а потоа да се зборува за економијата. Меџити има стратегија прво да ги индоктринира партиските кадри. А Мицкоски молчи. Молкот на Мицкоски значи дека моќната операција за партизација на администрацијата е веќе договорено прашање пред избори. „Ова е скандал од големи размери, кој покажува дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција, затоа мора да има одговорност“, велат од СДСМ.
Бараат итно прекинување на сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка на Државната комисија за спречување на корупцијата.