
„СДСМ предложи економски мерки за помош на граѓаните, но власта не ги прифати. Поскапувањето на струјата од 40% е тежок удар по џебот на граѓаните кои и онака едвај врзуваат крај со крај поради високите цени на храната. СДСМ има дадено неколку економски предлози како намалување на ДДВ за струја и храна, но Владата не ги прифати. Минималната плата не е зголемена и не планираат да ја зголемат. „Па, во времето кога СДСМ беше на власт, преземавме чекори кои беа поддршка на граѓаните.
„За 7 години платите се зголемија за 4 пати, додека струјата беше субвенционирана за 80%. Ова сега е укината. Владата не ни размислува за зголемување на минималната плата. ВМРО-ДПМНЕ веќе нема никакви разговори со работници, нема социјален дијалог, ја изгуби секаква комуникација со граѓаните, со претставници на целни групи кои бараат повисоки плати. А, од друга страна, цените растат, што е тежок удар за граѓаните во оваа криза. Владата нека каже што мисли да прави со животниот стандард на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај“, рече Кузеска.