
„Станува збор за машина – трифазен систем за мерење на струја и моќност, која повеќе од 7 години е некористена во подрумските простории на Бирото. „Со воведувањето на овој уред, крајната цел е, покрај проверката на броилата, да се испита и точноста на броилата според поплаките на потрошувачите, за што Божиновска инсистира да се спроведуваат поради честите поплаки и барања од граѓаните“, велат од Министерството.
Од Министерството додаваат дека ќе се потпише тендер за контрола на функционалноста и обука на вработените. „Со оваа мерка граѓаните ќе имаат можност самостојно да ја проверуваат точноста на своите броила, директно во државната институција. Ова ќе овозможи секое сомневање за неточна наплата да се проверува со точни и официјални мерења, при што граѓаните ќе добијат јасен одговор за статусот на нивниот инструмент. Истовремено, ова ќе претставува дополнителен контролен механизам врз компаниите што ги поставуваат и одржуваат броилата“, додаваат од Министерството за енергетика.