
„ПСЖ и Манчестер Сити ми нудеа богатство и огрмна плата, но во еден момент ми се јави Флорентино Перез и ме праша, „Сакаш пари, или сакаш слава?“ Одговорив дека сакам слава и тој ми порача, „Тогаш работата е завршена““ – раскажува Хамес Родригез за својот трансфер во Реал Мадрид вреден околу 80 милиони евра.
Хамес Родригез откри како бил убеден да се пресели во Реал Мадрид и покрај тоа што ПСЖ и Манчестер Сити му нуделе богатство.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„На вториот или третиот натпревар на мундијалот, Мендеш (неговиот агент) ме извести дека Реал Мадрид сака да ме ангажира но се плашеше дека ќе го изгубам фокусот. Постигнав гол против Јапонија, и уште два против Уругвај, па се случи спротивното, јас играв уште подобро“.