Тогаш од Кабинетот на претседателката информираа дека било разговарано за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.Целта на форумот во Софија е државните лидери од Југоисточна Европа, заедно со претставници на влади, институции и партнери на „Процесот Акаба“, да ја анализираат безбедносната архитектура на Балканот, да разговараат за регионалните механизми за размена на информации и да ги координираат напорите во борбата против илегалната миграција, тероризмот, радикализацијата и екстремизмот.
„Процесот Акаба“ е серија меѓународни состаноци за првпат иницирани од кралот Абдула Втори во 2015 година. Нивната цел е да ја одржат меѓународната и регионалната координација и соработка во борбата против тероризмот, екстремистичките идеологии и радикализацијата преку сеопфатен пристап. За да се поттикне отворен дијалог меѓу учесниците на состаноците на процесот Акаба, дискусиите се одржуваат во неформален амбиент.
Како што јави известувачот на МИА од Софија, посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.
Инаку, последната средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев беше на маргините на Конференцијата за климатски промени-КОП29 во Баку, Азербејџан, лани во ноември.
Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите“.
За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со шефот на бугарската држава Румен Радев и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.
На состанокот, шефовите на држави, претставници на влади, меѓувладини и невладини организации ќе разговараат за безбедносни прашања со фокус на Балканот.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.
Форумот „Акаба процес за Балканот III“ е продолжение на претходните состаноци на оваа тема, одржани во рамките на иницијативата – во 2016 година во Акаба, Јордан и во 2018 година во Тирана, Албанија.
Бугарскиот претседател Радев, пак, укажал на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање.