
По крајот на актуелната сезона Лука Јовиќ ќе го напушти таборот на Милан, тоа е веќе речиси сигурно.
Србинот има договор кој истекува во јули, па неславно и бесплатно си оди од „Сан Сиро“. Фудбалерот кој не го исполни својот целосен потенцијал имаше светли моменти играјќи за „росонерите“, меѓутоа неговата авантура и тука беше во најмала рака чудна.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Во кариерата Јовиќ најдобро играше за Ајнтрахт Франкфурт, па следеше трансфер од соништата во Реал Мадрид и голем пад. Србинот беше дел и од Црвена Звезда, Бенфика и Фиорентина, а налето ќе има нова средина.
Иако имаше периоди кога влегуваше од клупата и решаваше натпревари, потоа во следното коло ќе беше стартер, а тогаш – ништо. И се така во круг, кариерата на Јовиќ речиси пресликана од клуб во Клуб.