
Таа тврди дека била во шок по неочекуваниот удар и прашала колега што ја удрило. Потенцира дека Халанд бил ослободен од вина по истрагата на клубот, а нејзиниот договор не бил обновен. Ја извршувала работата како привремена работничка од минатиот јуни. Пријава за нападот поднесена и на полицијата.
Анде Јанков – автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата!
↓↓↓
Во клубот беше покрената истрага по која беше заклучено дека “Халанд не ги предизвикал нејзините повреди”. “Спроведовме детална истрага и утврдивме дека ниту еден доказ, вклучувајќи ги и видеоснимките, не потврдува тврдењето дека повредата е предизвикана на начин како што е наведено. Исто така, сме свесни дека е поднесена жалба до полицијата на Голем Манчестер и дека ниту тие не презеле понатамошни мерки”, изјавиле од клубот.— The Sun (@TheSun) March 28, 2025
Tomorrow’s front page: Haaland ‘Gave Alien Whiplash’ https://t.co/ra0PcHocUb pic.twitter.com/8UAtfptNMoЕрлинг Халанд е обвинет дека ја повредил жената која носела костим на маскотата на Манчестер Сити, “Мунбим”, предизвикувајќи ѝ “потрес на вратот и мозокот”, откако наводно ја удрил во шега при позиционирање за фотографија пред победата на Сити 1:0 против Саутемптон во октомври минатата година.Жената тврди дека го известила шефот на заштитата на клубот и дека тој се насмеал и рекол: “Барем можеш да кажеш дека те удри Ерлинг Халанд.”“Бев прилично вознемирена и плачев, главата ми чукаше и мислам дека бев во шок. Подоцна сфатив дека дојде зад мене, ме удри по главата и потоа се наклони на мојата глава”, изјави таа во интервју за The Sun.Таа вели дека ѝ било предложено да си оди дома по инцидентот, но таа го одбила тоа. Наведува дека “подоцна повраќала” и “страдала од болки во вратот и главата”. Додаде и дека следниот ден ја прегледал клупскиот лекар и ѝ препорачал да направи прегледи и во болница. Снимањето со CT не открило оштетувања.