
Целосна реакција:
МИЦКОСКИ ПРОТИВ ЕУ И ЗА РУСКАТА АГЕНДА
Да се има добри односи со администрацијата на Трамп е во ред, но да се прави оваа „коректност“ на сметка на односите со ЕУ е политичка дилетантност.
Прво, прилично сум сигурен дека самиот претседател Трамп не ни знае каде е Северна Македонија, а камоли да има слушнато за Мицкоски.
Второ, администрацијата на Трамп може да и помогне на Северна Македонија само во политичка смисла, додека помошта во другите области е условена и зависи од „џебот“ на Владата на РМВ (најдобар пример за тоа е најновата „помош“ за Украина).
Во меѓувреме, Европската унија не е само политичка сила, туку и економска, која нуди бројни можности за толку потребни инвестиции за нашата земја и граѓаните.
Затоа, тенденцијата на актуелната моноетничка власт на РМВ да го игнорира значењето на европскиот пат не е ништо повеќе од отстапување од европскиот политички курс и наклон кон Србија и Русија. Нејзината проамериканска политика е само обид да се фрли прашина во очите на јавното мислење.
Северна Македонија е во политички ќорсокак со Европската унија, а за тоа е одговорен самиот Мицкоски, кој за да го одвлече вниманието на јавноста од оваа ситуација, користи национализам и кршење на правата на Албанците. Тоа значи дека тој ја спроведува руско-српската агенда, секако камуфлирајќи го тоа со „пријателство“ со администрацијата на Трамп.