
Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, ја прокоментира работата на новото раководство на чие чело е Џим Ратклиф. Според него, иако луѓето сметаат дека Јунајтед е богат клуб, на моменти делува како да проси.
Долго време Јунајтед го сметаа за најбогат клуб на светот, а сега имам чувство како да просиме. Бараме пари за стадион за чија изградба се потребни две милијарди евра, а продаваме играчи за да купиме други“, изјави Сколс.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„Некогаш можете да бидете лесноверни и да поверувате во зборовите на Џим Ратклиф од проста причина што не сте слушнале друг човек од Јунајтед да зборува за тоа. Не знаеме колку е реално. Зборовите се ефтини, можете да кажете било што, дека за десет години ќе имате најубав стадион на светот…