
По страшната трагедија во Кочани, каде се запали дискотека и официјално ги одзеде животите на 51 млад човек, а над 100 други беа повредени, дел од родителите, пријателите и најблиските на децата кои беа на концертот од рано утрото бараат информации на социјалните мрежи.
Еден од нив беше скопскиот фудбалер Андреј Лазаров. Македонскиот спортски портал „Спортмедиа.мк“ доби порака дека младиот фудбалер е во штипската болница и е во добра здравствена состојба. Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на теренот.