
На околу 3.300 сметководители, кои не посетувале доволен број часови на обука и биле дисциплински казнети со привремено бришење од регистарот, им е дозволено да ги потпишат годишните сметки и финансиските извештаи на правните лица за 2024 година, додека рокот за исполнување на условите за професионално усовршување се продолжува до 31 декември 2026 година.
Забелешки за предложените измени имаше пратеничката Сања Љукаревска, која нагласи дека тие претставуваат атак на почитување на претходно одобрените законски рокови.
Пратеникот Бојан Стојаноски, кој е еден од подносителите на предлогот за законски измени, истакна дека тоа се прави по кратка постапка за да се избегнат проблеми во работата на правните субјекти и воопшто во стопанството.