Собранието наскоро ќе расправа за интерпелациите за петтемина членови на Судскиот совет. Откако Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Селим Адеми, Павлина Црвенковска и Милазим Мустафа писмено одговорија дека интерпелацијата е преседан и мешање во судството, овие одговори сега се испраќаат до пратениците.
Доколку импичментот на членовите на Судскиот совет биде успешен, тоа нема да значи нивна оставка или разрешување, додека велат дека не гледаат причина да си заминат од функцијата.
Од друга страна, она што е сигурно е дека доколку помине предлогот за разрешување на главниот обвинител Љубчо Коцевски, веднаш ќе се избере негов наследник. Владата покрена постапка за негово разрешување, но и по три дена од владината седница предлогот не е испратен на мислење до Советот на обвинители.
Од Советот истакнаа дека ќе одговорат позитивно или негативно во предвидениот рок од 15 дена. Од Владата потенцираа дека без разлика на мислењето на Советот за работата на Коцевски, предлогот ќе биде доставен до Собранието, па не се исклучува можноста во март да се расправа за разрешувањето на државниот обвинител.