Пленумот го организираат студенти пред вечерашниот собир кој е закажан за во 18:59 на Плоштадот Македонија. На УКИМ има неколку стотина студенти кои за денеска во 13 часот најавија Пленум на кој најверојатно ќе се разгледуваат идни чекори на студентите поврзани со трагедијата во која загинаа 59 луѓе, а над 180 беа повредени.
Со извици „Вие сте платеници, не сакаме новинари“ избркани медиумите од најавениот Студентски пленум. Организаторите ни кажаа дека не сакале новинари да снимаат ниту инсерти, ниту изјави од нивниот Пленум.