
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Тројца фудбалери на Јувентус предвреме се вратија на тренинг по обврските со репрезентациите, со цел што побрзо да му се стават на располагање на новиот тренер Иван Тудор.
Во неделата, Јувентус се раздели со Тијаго Мота и го именуваше Игор Тудор како нов тренер на привремена основа до крајот на сезоната.
Со Игор Тудор на кормилото, очигледно и мотивацијата е друга, па како што пренесува Газета дело Спорт, тројца фудбалери предвреме се вратиле на тренинг по обврските со репрезентациите.
Дека имало големо нетрпеливост говори и фактот дека во првите 24 часа, само еден фудбалер го поздрави Тијаго Мота и му се заблагодари за укажаната шанса.
Душан Влаховиќ, Нико Гонзалез и Федерико Гати имале добиено еден слободен ден, но решиле да не го користат со цел што побрзо да му се стават на располагање на новиот тренер.