
„На средбата го потврдивме силното и стратешко партнерство меѓу нашите две земји, со фокус на зајакнувањето на демократските вредности, економскиот раст и регионалната безбедност. Партнерство за кое сведочат и билатералните посети на високо ниво остварени во изминатиот период“, објави Муцунски на својата официјална Фејсбук страница.
Истовремено, додава Муцунски, ја истакнале вредноста на унапредување на економската соработка, привлекување инвестиции и поддршка на иницијативи за унапредување на трговијата и претприемништвото.
„Фокусот на разговорите беше и на безбедносните предизвици, при што ја потврдивме нашата посветеност на заедничките демократски вредности и стабилноста на Западен Балкан. Заедно ја изразивме нашата решеност за продолжување на соработката во унапредување на заедничките цели и продлабочување на односите меѓу двете земји“, рече министерот Муцунски.